(Видео) Хaoc во Боливија: Фудбалерите ce cтeпaa, пa нaвивaчитe влeтaa дa ги дoтeпaaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последниот ден од 2020 година донесе хаос на фудбалскиот натпревар помеѓу Блумингс и Стрингест од последното коло во првенството на Боливија, во кој домаќинот бркаше триумф за пласман во Купот Судамерикана, додека гостите беа во игра за освојување на титулата.

Тимот на Блумингс поведе со 1-0, но во продолжение фудбалерите на Стригест направија пресврт и поведоа со 3-1, резултат со кој се влезе во 90. минута. Тогаш од преполните трибини беше фрлена петарда, што падна до гостински играч, кој веднаш падна како да го погодил куршум. Тоа ги изнервира домашните фудбалери, по што почна вистински хаос на теренот и пресметка помеѓу сите на него.

Не требаше многу време ситуацијата да ескалира и публиката да влезе на теренот за да ги тепа гостинските играчи, кои пак не останаа должи и враќаа колку што можеа. Хаосот беше смирен дури по интервенција на полицијата.

На крајот и двата тима со наведнати глави си заминаа во соблекувалната, бидејќи ниту Блумингс дојде до посакуваниот Куп Судамерикана, ниту Стронгест до титулата. Нов шампион на Боливија е тимот на Олвејс реди, кој исто така победи во последното коло.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This