дома Свет (Видео) Хaoc во Чиле: Гнeвни граѓани зaпочнаа нacилни пpoтести откако полицаец зacтрела...

(Видео) Хaoc во Чиле: Гнeвни граѓани зaпочнаа нacилни пpoтести откако полицаец зacтрела уличен забавувач

Во јужниот дел на Чиле почнаа насилни протести по објавувањето видео снимки на кои се гледа како полицаец застрелува уличен забавувач.

Демонстрантите ги запалија државните згради во Пангуипули, а во главниот град Сантијаго, гневните граѓани излегоа на улиците, јави Би-Би-Си.

Министерот за внатрешни работи Родриго Делгадо го осуди подметнување пожари и рече дека по завршувањето на истрагата за пукањето, виновникот ќе биде изведен пред лицето на правдата.

Убиството на уличниот забавувач се случи во петокот, а протестите почнаа вчера.