March 28, 2024, 10:33 pm

(Видео) Хaoc вo Виена: Илjaдници гpaѓaни пpoтecтиpaaт пpoтив мepкитe, нeкoлкyминa ce yaпceни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 15.000 противници на сегашните епидемиолошки мерки, како и приврзаници на Партијата на слободата на Австрија (ФПО), попладнево ги блокираа улиците во центарот на Виена.

Иако полицијата ги забрани собирите, илјадници луѓе сепак излегле на улиците во знак на протест против мерките за заклучување.

Тие најпрво се собрале во центарот на Виена, од каде се упатија кон Пратер, каде се одржа состанок на ФПО, на кој, меѓу другите, зборуваше шефот на Клубот на либерални парламенти, Херберт Кикл.

Кикл ја обвини владата на канцеларот Себастијан Курц дека со своите постапки „танцува на работ на лудило“.Тој посочи дека забраната за демонстрации е апсолутно неуставна со цел да се замолчат неистомислениците.

Австриската полиција беше присутна на улиците со голем број, а во неколку наврати ги растера собраните граѓани на повеќе места, поднеле обвиненија, а неколку лица биле уапсени или приведени, вклучувајќи го и еден од главните организатори, Мартин Рутер.

Бројни членови против мерките пристигнале на собирот во Виена со автобуси од различни делови на Австрија. Полицијата цело време ги повикувала граѓаните да не присуствуваат на демонстрации кои не се дозволени.

Поради протестните поворки, трамваите во самиот центар на градот биле привремено укинати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This