дома Свет (Видео) Хopop cцeни вo супермаркет во Нов Зеланд: Мaж пpoбoдe пeт лицa...

(Видео) Хopop cцeни вo супермаркет во Нов Зеланд: Мaж пpoбoдe пeт лицa co нoж, тpи oд нив ce вo kpитичнa cocтojбa

Властите во Нов Зеланд соопштија дека маж нападнал пет лица во супермаркет со нож, при што три лица се наоѓаат во критична состојба.

Полицијата додаде дека осомничениот е уапсен и дека е одведен во притвор по нападот во супермаркетот Каунтдаун во градот Данидин. Меѓу повредените се и двајца вработени во супермаркетот.

Луѓето кои се затекнале во продавницата за време на инцидентот за локалните медиуми рекле дека присуствувале на хаотични сцени – луѓето почнале да врискаат и да бегаат кон излезот. Некои похрабри луѓе се обидоа да го сопрат напаѓачот и да го соборат на земја.

Премиерката Џасинда Ардерн рекла дека мотивот на нападот се уште не е познат, но дека полицијата засега нема докази да го класифицира нападот како домашен тероризам.

-Јасно е дека ваков напад е многу загрижувачки, но сакам да ја нагласам храброста на луѓето кои преземаа акции за да ги заштитат лицата околу себе. Нашите мисли се со повредените во нападот, рекла Ардерн.

Здравствените работници од локалните болници рекоа дека три повредени лица се примени на одделот за интензивно лекување, четвртото лице останало во одделението, а петтото лице е пуштено дома по укажаната помош.