дома Technology (Видео) Чекор понапред во потрагата по живот надвор од Земјата

(Видео) Чекор понапред во потрагата по живот надвор од Земјата

Вселенскиот телескоп Џејмс Веб штотуку ги заврши првите пробни тестови пред полетување, со што е еден чекор поблиску до успешно лансирање.

Ако се иде по план, телескопот ке биде лансиран на 31-ви Октомври 2021 година од Гијана вселенскиот центар на Ариана 5 ракета.

Развивањето на новиот телескоп е колаборација помеѓу НАСА, Европската вселенска агенција и Канадската вселенска агенција, кои заедно учествуваа во финансирање,развивање и изградба на телескопот.
Вселенскиот телескоп Џејмс Веб е најкомплексниот телескоп до сега изграден, со комплексни сензори кои ке му помогнат да гледа далечни космички тела како други галаксии и ексопланети, и ке им помогне на вселенските агенции во потрагата по вонземски живот.