дома Занимливости (Видео) Кoгa Господ e нa твoja cтpaнa: На дeнeшeн дeн ce cлyчи...

(Видео) Кoгa Господ e нa твoja cтpaнa: На дeнeшeн дeн ce cлyчи пpинyднoтo cлeтyвaњe нa aвиoн вo peкa, бeз нитy eдeн зaгинaт

На денешен ден во 2009 година, се случи едно од најчудните принудно слетување на авион во историјата на авијацијата. Патнички авион слета во реката Хадсон во Њујорк, и притоа не загина никој од патниците.

Авионот на „УС Ервејс“ со 155 патници и членови на екипажот полета од Њујорк кон Шарлот, со крајна дестинација во Сиетл. Меѓутоа само што полета, авионот од типот „Ербас А-320“ налета на јато на гуски кои направија штета на моторите.

Пилотот добива дозвола за слетување на алтернативни аеродроми, како и враќање на главниот во Њујорк, но проценува дека авионот нема да стигне до таму и се решава да го слета во реката Хадсон.

Тоа пилотите Чесли Саленберг и Џефри Скајлес го прават успешно, и веднаш ги евакуираат сите патници, при што тие последни го напуштаат авионот. Сите патници се наредија на крилата, а веднаш на помош пристигнаа и околните бродови кои ги евакураа патниците. Сето тоа беше пренесувано во живо на телевизиите низ САД.

Исходот беше само 95 лесни повреди и пет тешки повреди од типот на скршеници, но сите ја преживеаја несреќата.

Почнува истрага во која пилотот и копилотот се обвинети дека можеле да слетаат безбедно на некој од околните аеродроми, но потоа сето тоа го докажуваат дека не било можно, по што и пилотот Чесли Саленберг и копилотот Џефри Скајлес се ослободени од обвиниенијата.

Тие добиваат ордени од страна на тогашниот претседател Барак Обама за нивниот подвиг.