(Видео) Чyдo: Poдилa близнaци нa 68 гoдини – „Ни ce иcпoлни coнoт“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Маргарет Аденог (68) и нејзиниот сопруг Ноа (70) од Нигерија 43 години се обидувале да добијат дете. Нивната желба конечно се исполнила, и на 14 април Маргарет родила близначиња, девојче и момче.

Таа успеала да остане бремена минатата година, со помош на вештачко оплодување, поради кое биле во Велика Британија.

Ова успеало од четврти пат.

„Бевме инспирирани од сонот од 1996 година, во кој ми беше кажано дека ќе бидам познат низ целиот свет“, рече Ноа, додавајќи дека лекарите го предупредиле него и неговата сопруга дека бременоста на нејзина возраст може да биде опасна.

„Одлуката беше наша“, вели таткото.

Бременоста ја надгледуваа лекари од Универзитетската болница во Лагос, а Маргарет се породи во 37 -та недела од бременоста. Од болницата велат дека тоа е прв пат да се соочат со следење на бременоста кај жена на нејзина возраст.

Д -р Адејеми Окуново изјави дека раѓањето е вистинско чудо, но додаде дека парот презел голем ризик, пишува Дејли Меил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This