дома Македонија (Видео) Шилегов контpa Шилегов: Дрвата не ги иcyшија xeмикалии туку имале кpaток...

(Видео) Шилегов контpa Шилегов: Дрвата не ги иcyшија xeмикалии туку имале кpaток век

Откако ги исече јапонските цреши на улицата Максим Горки, Градоначалникот побрза да се пофали дека ќе насади нови, ама не го одврза општинското ќесе.

На истото место никнаа нови дрвја, но благодарение на донацијата на Европската банка за обнова и развој. Ама тоа не е се.

Денеска градоначалникот се предомисли. Денеска за него не се виновни чистачите на улиците кои хемикалиите ги фрлале во дрвата заради што се исушиле, туку едноставно им поминал животниот век на црешите.

Побрза да се одбрани дека тој не сечел дрвја заради згради. Ама исто толку брзо го демантираше опозицијата. Со фотографии и видеа го потсети на на сечените дрва кај Веро во Карпош и Аеродром.

Доколку сепак Шилегов има дупка во меморијата, па не се сеќава што правеа Златко Марин и Стефан Богоев пред неколку месеци, ние ќе го потсетиме со фото и видео материјал како се сечеа дрва за да се градат згради, токму од него и неговите градоначалници.

Богоев сечеше дрва кај Веро во Карпош, а Марин сечеше дрва низ цел Аеродром.

Ова е вистинската слика на СДСМ. Уништуваат зеленило и ја загрозуваат животната средина, а потоа лажат, велат тие.

Реакција имаше и од поранешниот директор на Центарот за комуникации на СДСМ и новинар Ивор Мицковски.

Тафталиџе е цело во нови згради и тоа 9 катници.

Карпош потегот кај Имес е цел изграден, Водно е искасапено до Матка, Сарај е цел во згради, Парк шумата во Гази Баба се делка за згради, во Кисела Вода кај Расадник ќе дигаат 100 згради и сега ова.

Е па стварно треба да си малоумен да даваш вакви изјави.

Во петокот градот ги исече 18те јапонски цреши на Максим Горки. Објаснувањето на Шилегов дека се исушиле го демантираа центарци , тврдејќи дека пролетта дрвцата имале прекрасни цветови.