дома Балкан (Видео) Шпиунcka афepa во Србија: Руски оперативец вpбyва српски функционер

(Видео) Шпиунcka афepa во Србија: Руски оперативец вpбyва српски функционер

Српската агенција за информации и безбедност (БИА) потврди дека снимката на рускиот шпион што регрутира српски функционер е автентична.

Претседателот Александар Вучиќ веднаш побара истрага по објавувањето на снимката на рускиот шпион како регрутира српски висок функционер.

“Зборував со претседателот (Александар) Вучиќ. Тој даде наредба до БИА да го испита случајот. Сè уште ги немаме сите информации. Ако се утврди дека сè е точно, тогаш тоа ќе биде сериозно прашање и проблем за нас”, изјави премиерката Брнабиќ, изјавувајќи дека ги очекува сите информации во текот на денот.

„Претседателот свика состанок како главен командант на српските вооружени сили и ќе не извести за резултатите од истрагата“, рече Брнабиќ.

Според „Блиц“, рускиот дипломат и воен разузнавач, Георги Клебан, наводно е актерот на снимката, на која се гледа како му дава пари на висок српски функционер. Видеото беше објавено на Јутјуб на 17 ноември, а неговата автентичност е потврдена денеска , информира Блиц.