дома Свет (Видео) Што се случува? – Бајден почна да шепка за време на...

(Видео) Што се случува? – Бајден почна да шепка за време на прес-конференција

Нов гаф на Џо Бајден кој се почето по прес-конференции се наоѓа на насловните страници. Американскиот претседател неодамна беше мета на критики за нападот кон новинарот на Си-Ен-Ен, кој праша за неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот Бајден го запали Твитер по она што твитерџиите го нарекоа „морничава“ прес-конференција на Белата куќа во четвртокот.

Додека Бајден говореше за договорот за инфраструктура вреден 1,2 трилиони американски долари, тој се закани дека нема да го потпише, освен ако Конгресот не донесе и посебен предлог-закон за „човечка инфраструктура“, кој ќе чини до 6 трилиони долари, тој повеќе пати се навалуваше на говорницата и шепотеше на новинарите што се собраа.