дома Свет (Видео) ШТО СЕ СЛУЧУВА: Се манипулира ли со бројката на заболени, доктори...

(Видео) ШТО СЕ СЛУЧУВА: Се манипулира ли со бројката на заболени, доктори во Кина паѓаат во несвест?!

Појавата на новиот корона вирус во Кина, поради кој досега починаа девет лица, ги оживеа болните сеќавања на респираторната инфекција САРС, која пред 17 години однесе 800 животи, како и стравувањата од избивање на слична пандемија.

Светската здравствена организација (СЗО) денес на кризен самит ќе одлучува дали ќе биде прогласена меѓународна здравствна опасност, а едно од одлучувачките прашања ќе биде колку лесно вирусот може да се пренес од заразен човек на здрава особа и на кој начин со време тој мутира за да се прилагоди на огранизмот-домаќин. Новиот корона вирус кој се шири многу брзо, веројатно има потекло од лилјаците иако генетички е сличен со вирусите САРС или МЕРС, припаѓа на втората група наречена бетакоронавирус, се наведува во една кинеска студија.

Со овој вирус може да се заразат и дивите животни и луѓето. Можно е да има потекло од лилјаците слично како САРС-от, но меѓу овие животни и луѓето вирусот би можел да има повеќе домаќини-посредници, пишува „Чајна дејли“.

Првите случаи на заразата се откриени во кинескиот град Вухан каде досега од последиците од починаа девет лица и заболеа повеќе од 400 луѓе, додека кинеските здравствени институции потврдија дека вирусот се пренесува од човек на човек. Сепак, досега нема индиции дека заразата се пренесува преку дишните патишта. Првите инфекции се поврзуваат со еден рибен пазар во Вухан, кој во меѓувреме е затворен, пишува „Дојче веле“.

Можно е дека првата зараза била таканаречена „зооноза“, што значи дека се случила во директен контакт на животно и човек, или како што се случува со овие зарази, да се пренела преку воздух. „Зоонозите“ можат да се пренесуваат и преку прехранбени производи, на пример, консумирајќи месо и други намирници од животниско потекло. Ако тие термички не се доволно преработени на висока температура или ако се приготвени во неповолни услови, таквите продукти можат да бидат извор за заразата.

Но она што отвора најмногу дилеми е точната бројка на заболени од вирусот и несразмерната реакција на Светските Влади како и на Светската здравствена организација. Кина е исклучително затворена држава кон Светот, но во времето на интернетот многу е тешко нешто да се сокрие, па така по социјалните мрежи врие од видеа кој ја прикажуваат застрашувачката состојба во Кина и како кинеските власти се справуваат со вирусот. Поглденете ги видеата подоле: