дома Балкан (Видео) Шумата вpиштeшe секунди пред земјотpecот: Heверојатно cвeдoштво од xpватските села

(Видео) Шумата вpиштeшe секунди пред земјотpecот: Heверојатно cвeдoштво од xpватските села

Серија силни земјотреси утринава ја погодија Хрватска.

Селото Страшник кое се наоѓа на десетина килотери од Петриња, во чија близина беше епицентарот на потресите, е едно од најпогодените места, пренесува „Јутарњи лист“.

Ретко која куќа не е оштетена, а жителите го опишале своето искуство.

Бев дома, стресе и излегов надвор за секунда. За вторите два земјотреси бев надвор, патот се нишаше. Страв. Сум бил во војна и не ми е страв, ама се загрижив за децата. 70 проценти од куќите се оштетени. Искрено се плашам да се качам на горниот кат – вели жител на селото.

Одеднаш кучињата во дворот и животните во шумата цвилеа. Шумата вриштеше. Реков: ќе има земјотрес. И после секунди навистина потрес, раскажува вознемирен жител од селото за „Јутарњи лист“.

Претседателот на градскиот совет излегол на терен и вели дека луѓето ги пријавуваат своите штети.

Страшник беше епицентар. Малку се крововите кои останаа неоштетни и се уште е неизвесно. Луѓето не влегуваат во домовите бидејќи се уште не се знае каква е статиката на куќите. Засега нема информации за повредени. Луѓето поучени со она што се случи во Загреб, брзо реагираа. Среќа што беве земјотресот во време кога луѓето се подготвуваат за на работа, па поголемиот дел веќе биле будни – вели тој.