(Видео) Ѓеорѓиевски: Создаваме нова иднина за Кисела Вода – нова поликлиника во Расадник, 3200 паркинг места и 70 хектари паркови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потребни се промени во секоја една општина низ Македонија, но да бидеме реални и да си признаеме, на Кисела Вода и требаат најмногу промени. Имаме нефункционална општина, имаме нечисти населби, имаме неасфалтирани и улици со кал во 21 век, имаме бетонизација на секое парче зеленило, имаме еден куп проблеми, рече Орце Ѓеорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Кисела Вода на вечерашниот митинг.

Ѓеорѓиевски рече дека тој нуди конкретни решенија за проблемите на жителите на општина Кисела Вода. Имаме проекти, додаде тој, кои се осмислени како спој помеѓу граѓаните и експертската јавност и имаме програма која конкретна со јасни временски интервали кога ќе се реализира.

Притоа тој издвои неколку проекти и области во кои ќе се развива општината, кои како што рече се неопходни и ќе се реализираат во наредниве 4 години.

„Ќе започнам со најприоритетните проекти, а тоа е ревитализација на сите патишта во Кисела Вода, затоа што додека овие од власта газат по патот на провизиите, нашите граѓани газат во кал. Приоритет е да нема неасфалтирано сокаче, а не пак улица во Кисела Вода. Итно премостување од груба бетонизација на секое ќоше, во развоен план за општината каде што ќе има 70 хектари паркови и зеленило. Нешто што сега го нема и фали. И кога ќе чуете дека СДСМ се фали дека има зеленило во Кисела Вода, најверојатно мислат на жбуновите и тревите што растат на сред улициве во ископаните дупки”, рече Ѓеорѓиевски.

Тој укажа дека „најжешката тема во Кисела Вода во моментов е темата Расадник”.

„Јавно, јасно и гласно, ветувам и се обврзувам, дека за Расадник ќе биде распишан меѓународен конкурс, каде што вие граѓаните ќе ги постават условите како да се развива, а фирми од цела Европа ќе можат да конкурираат за идејно решение. Расадник ќе биде населба на можности и зеленило, а не населба со 100 згради како што планираат во СДСМ”, рече Ѓеорѓиевски.

Ѓеорѓиевски вети поликлиника, решавање на сообраќајниот хаос. Се обврзувам, рече тој, дека во Кисела Вода, поточно во Расадник, ќе има поликлиника на крајот од мандатот. Вети и решавање на сообраќајниот хаос и нови паркинг места. Се обврза дека за 4 години ќе изгради помеѓу 2700 и 3200 нови паркинг места.

Ѓеорѓиевски рече дека во неговиот план за општината предвидува отворање на нови работни места, квалитетно образование и изградба на објекти, меѓу кои и спортски сали.

„Во Кисела Вода има сериозна бројка од неколку илјади невработени или луѓе кои работат за ниски примања на црно. Затоа, со однапред направени проценки, ќе се отворат две нови технолошко развојни зони, зона Драчево и зона Чупријан кои треба да вработат неколку илјади наши сограѓани од Кисела Вода. Понатаму, моето и вашите деца мораат да имаат квалитетен образовен процес. Во моментов, над 400 деца чекаат на ред да се запишат во градинките. Тоа ќе стане минато. Во првата година од мандатот оваа бројка преку зголемување на капацитетите на постојните градинки ќе ја преполовиме, додека во наредните две години преку изградба на две нови градинки едната во село Драчево и во урбаниот дел на Кисела Вода и овој проблем ќе го оставиме зад нас. Во делот на спортот се обврзувам на нови 3 спортско рекреативни центри во „Расадник” и „Дупки” во Драчево и Спортскиот комплекс во Пржино. Комплетно реновирања на три игралишта за голем фудбал, повеќенаменски игралишта во секоја месна и урбана заедница се само дел од проектите, кои треба да не вратат на старите модерни и спортски патеки како општина”, кажа Ѓеорѓиевски.

А пред да прејдам на областа култура, рече тој, сакам да споменам уште еднаш за болницата за наркозависници во Кисела Вода.

„Вчера пред жителите од околината таму имав можност да презентирам еден проект, кој се вели дислокација на болницата за наркозависници со конкретен план и рокови кои ги слушнаа и самите во рок од 12 месеци и на истото место изградба на културно рекреативниот центар Св. Ѓорѓија на истото место со огромен парк, покрај кој ќе поминува трим патеката во Кисела Вода. Притоа незаборавајќи ги оние луѓе од Кисела Вода кои ги користат услугите на болницата, наоѓајќи им соодветно место за примање метадонска терапија на територија на општината”, рече Ѓеорѓиевски.

Укажувајќи дека е потребен рамномерен развој на сите населби, Ѓеорѓиевски рече дека со најавените проекти сака да го смени животот на граѓаните и од нив побара поддршка.

„Јас ја барам поддршката од сите. И леви и десни, без разлика на религија, или политичка партија. Јас го барам вашиот глас, за да живееме во модерна општина, а не во бетонска џунгла. Да победиме заедно на 17 октомври!”, кажа Ѓеорѓиевски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This