дома Политикака (Видео) ЃОРЧЕВ ДО ЕЛЕЗИ Дали мислите дека Заев има капицитeт да извршува...

(Видео) ЃОРЧЕВ ДО ЕЛЕЗИ Дали мислите дека Заев има капицитeт да извршува сите функции?

Пратеникот Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница упати повеќе прашање до заменик министерката за финасии, Ширет Елези.

Toa се:

-Како вие како заменик министер сте задоволни од соработката со министерот за финасии, Зоран Заев?

-Дали Зоран Заев секој ден доаѓа на работа во министерството за финасии и каде ги држите колегиумите?

-Дали вработените од Министерството за финасии одат во Владата, во кабинетот на премиерот Зоран Заев или Зоран Заев, министерот за финасии доаѓа во министерството за финасии и таму држи колегиуми?

-Дали сте вие задоволни од посветеноста и времето коешто министерот за финасии го алуцира во оваа клучна институција за финасииите и економијата во државата?
Ѓорчев посочи дека Зоран Заев е и премиер и претседател на СДСМ којшто во еден ден разрешува 70 претседатели на општински организации на СДСМ, истотака е и министер за финасии, шеф на телото за судски реформи, шеф на безбедностите служби, тајни служби.

-Дали вие како втор човек во министервото за финасии мислите дека министерот за финасии и премиер и претседател на СДСМ и шеф на кадровска на СДСМ има капиацитет сето ова да го извршува, запраша Ѓорчев.

Тој додаде дека јавноста сака да ги чуе сите овие работи поврзани со премиерот и министерот за финасии Зоран Заев.