дома Политика (Видео) Ѓорѓиевски: Фекална канализација од 1.100 метри, со ова решаваме 30 годишен...

(Видео) Ѓорѓиевски: Фекална канализација од 1.100 метри, со ова решаваме 30 годишен проблем на над 200 домаќинства

Денеска како што можете да забележите после 30 години на Речиште започнуваме со изградба на фекална канализација, проблем со кој што нашите сограѓани се мачеа изминативе 30-тина години, а беше приоритет, еден од приоритетите во нашата програма. Овдека денеска започнуваме со зафат кој што вклучува 1.100 метра фекална канализација, практично цел овој појас овде од околу над 200 домаќинства ќе бидат покриени и на тој начин ќе го решиме овој нивни долгогодишен проблем.

Дополнително за овој проект ние како општина издвоивме 17.5 милиони денари средства пари од нашите граѓани кои што ги насочуваме директно кон нив.

„По цели 30 години, денес започнува изградбата на фекална канализација во Речиште.“

„Цели 30 години овие жители немаа основни услови за хуман живот. Затоа, уште во првите 100 дена од мојот мандат го направив ова да биде мој приоритет.“

„Секој граѓанин на општина Кисела Вода мора да има еднакви услови за живот, да биде почитуван и вреднуван.“

„Кисела Вода мора да биде општина од 21. век, општина за сите луѓе!“