April 20, 2024, 12:11 am

(Видео) Јакимовски: Децата мора да ни бидат приоритет, ќе изградиме нови градинки за сите деца да бидат згрижени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стевчо Јакимовски, кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од редовите на ГРОМ, на митингот во Нерези презентираше дел од планираните проекти. Јакимовски вети дека ќе биде отстранет азбестот од сите куќи во општина Карпош, како идека сите фасади ќе бидат реновирани.

„Ви гарантирам дека ни една куќа нема да има азбестен кров. Сите азбестни кровови ќе ги замениме. Ви гарантирам дека Карпош ќе има нов лик, затоа што скоро сите фасади ќе бидат сменети. “, вели Јакимовски, додавајќи дека само времето може да биде противник на овој проект, бидејки замена на фасадите ќе чини околу 10-12 милиони евра, а општината за четири години треба да има помеѓу 25 и 30 милиони евра.

Јакимовски зборуваше и за проблемот во општина Карпош, каде 800 деца чекаат за упис во градинките. Тој вети изградба на нови, но и проширување на постоечките градинки, со цел децата да бидат згрижени.

„800 деца чекаат за упис во градинка. Кога не дозволував други деца од дрги општини да ни се упишуваат во градинките и во училиштата ме критикувавте. А сега што правиме? Овие отворија вратите, кој стигна се упиша во градинките, и сега вашите деца нема кај да се упишуваат. Значи ќе направиме и нови градинки, во Злокуќани, во Нерези, во Влае. Во сите градинки каде што можеме, по две три занимални ќе додаеме нови. Сѐ ќе тргнеме на страна, децата не смеат да ни седат на улица или незгрижени, во јавни детски установи. Тоа мора да ни биде приоритет“, посочи Јакимовски.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This