дома Занимливости (Видео) Јапонец тврди дека спие само 30 минути дневно во последните 12...

(Видео) Јапонец тврди дека спие само 30 минути дневно во последните 12 години и воопшто не се заморува

Дајсуке Хори, 36-годишен Јапонец, тврди дека спие само 30 минути дневно и воопшто не се заморува.

Тој ги поминал последните 12 години тренирајќи го умот и телото да функционираат со што е можно помалку спиење.

Даисуке Хори тврди дека го намалил своето (дневно) време за спиење од околу 8 часа дневно на само 30 минути, без да претрпи сериозни несакани ефекти поврзани со недостаток на сон.

Тој е претседател на „Јапонската асоцијација за спиење“ и сега ги учи другите како да го намалат дневното време за спиење за да можат повеќе да уживаат и да поминуваат повеќе време будни во својот живот.

Даисуке Хори неодамна беше прикажан во популарна јапонска ТВ-емисија, каде зборуваше за неговиот контроверзен распоред за спиење.

Тој рече дека поради 16 часа непрекината работа, едноставно не може да ги направи сите работи што ги сака.

Во еден момент, тој започнал да истражува и експериментира со намалување на дневната рутина за спиење, и во текот на неколку години, успеал да се префрли од 8 часа на само половина час сон, додека останал здрав и енергичен како и порано.

Бидејќи 30 минути сон звучи тешко да се одржат во подолг временски период, продуцентите на ТВ шоуто го предизвикаа Хори да ја покаже својата дневна рутина пред камерата во период од три дена.

Тој прифатил да биде следен од телевизиската екипа и успеал да спие само 30 минути, понекогаш дури и помалку од тоа.

За време на тридневниот тест пред ТВ камерите во емисијата, Даисуке Хори ги минувал ноќите играјќи видео игри и махјонг, сурфајќи и дружејќи се со пријателите кои, смешно, сите се „краткотрајни“ спијачи.

Сите тие тренираат заедно за да ја скратат дневната рутина, за да можат да уживаат во поквалитетно време заедно.

Дури и откако ја претстави својата необична рутина за спиење на националната телевизија, многу гледачи сѐ уште не беа убедени дека тој може да спие само 30 минути дневно во последните 12 години.