(Видео) Ја исфрлиле од авион затоа што била несоодветно облечена – го снимила целиот разговор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сведоци сме дека има различни луѓе, па видовме девојка која шеташе низ аеродром во бикини, друга која дојде на лет со топ и шорцеви, па ја исфрлија од авионот, но случајот на оваа жена е нешто различно.

Имено, една патничка објави видео на „ТикТок“ во кое може да се слушне разговор со полицијата, откако морала да го напушти авионот.

„Ми дофрлаа поради облеката, морав да облечам маица“, вели таа на видеото, а на прашањето на полицаецот дали во одреден момент носи маичка, таа одговори: „ Да, го носев ова, спортски градник, потоа ми рекоа да облечам маица. Го направив тоа, а потоа повторно ми пријдоа, велејќи ми дека не можам да го носам бидејќи стомакот ми се гледа и тоа е несоодветно “.

Жената тврди дека стјуардите трипати и пришле во авионот и дека упорно се жалеле на нејзината маица, за потоа да биде исфрлена од авионот.

На снимката се слуша полицаец кој и вели дека сакаат само да ја слушнат нејзината страна од приказната, а потоа додава дека „постојат правила за облекување што мора да се почитуваат“.

Сепак, жената додава дека го прочитала кодексот на облекување на авиокомпанијата.

„Го прочитав, ми рекоа да го разгледам, погледнав и се придржував кон кодексот на облекување“, додава таа. „Ме малтретираа, а сега ме воздржуваш. Дојде и ме извлече од авионот пред моето дете”.

Во видеото што подоцна го објави, ја покажа облеката што ја носела во авионот, а за која тие рекоа дека е несоодветна, откри дека на крајот успеала да се качи во авионот и дека никој не се пожалил за нејзината облека.

Многумина ја бранеа во коментарите, сметајќи дека стјуардите само сакаа да ја навредат и омаловажат.

„Ова е смешно, таа е облечена сосема во ред“, „Срамота е затоа што сум видел девојки со различна големина да носат буквално иста работа“.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This