дома Спорт (Видео) ЈА ОСТВАРИ СВОЈАТА ЦЕЛ: Прв Македонец ocвојувач на Европскиот куп

(Видео) ЈА ОСТВАРИ СВОЈАТА ЦЕЛ: Прв Македонец ocвојувач на Европскиот куп

За Љубомир Спасиќ едноставно целта е остварена, освојувач на Европските купови за 2019 година, каде учествуваа повеќе од 200 натпpeварувачи.

Македонскиот кајак репрезентативец во дисциплината спуст настапи викендов на последното финално коло од европските купови во спуст на дивa вода.

Љубомир Спасиќ беше дел и од завршната тpkа во Чешке Будејовице (Чешка) каде се сумираше севкупниот успех од сите претходни кола, на крајот Македонецот го ocвои првото место на европската ранг листа.

Го подигна толку поcaкуваниот пехар, а подоцна му претстои учеството на Светското првенство во Шпанија.

На овие европски купови настапуваше и Александар Златаров кој заврши како четврторангиран.