дома Магазин ВИДЕО: Јелена и Ноле пеат во живо, а снимката го руши интернет

ВИДЕО: Јелена и Ноле пеат во живо, а снимката го руши интернет

“Не сме најдобри во ова, но се забавувавме обидувајќи се да пееме. Ова е една од нашите најдраги песни” напишал Новак.

Како изгледа тоа кога ќе се опуштите и запее со сопругата Јелена, тенисерот Новак Ѓоковиќ споделил со обожователите на Фејсбук. Парот ја запел “Трага во бескрајот”на Оливер Драгојевиќ, во опуштени и интимни моменти.

“После долг, но успешен ден, нема подобар начин за опуштање со малку песна со мојата сакана. Не сме најдобри во ова, но се забавуваме обидувајќи се да пееме. Ова е една од нашите најдраги песни” – напишал уводот на ова видео Новак а остатокот од текстот го посвети,

– Оставил трага во бескрајот, а ние со секоја негова песна која ја пееме правиме трагата во бескрајот збогатена – напишал и ги предупредил сите да ги затнат ушите додека го слушаат него и сопругата како пеат.

Разни коментари се налепија на видео снимката во која пеат Јелена и Ноле, кои со критики кои со комплименти, но едно е најважно – само небото е лимит за нивната љубов и на терен и пред “микрофон”.