дома Сцена (Видео) Јелена Карлеуша во солзи: Евакуирана заедно со децата од луксузен хотел...

(Видео) Јелена Карлеуша во солзи: Евакуирана заедно со децата од луксузен хотел во Турција поради голем пожар

Српската пејачка Јелена Карлеуша отпатува во Турција со ќерките Атина и Ника и тетката Даниела на летен одмор.

Престојуваа во хотелот „Лујо“ во Бодрум, а Јелена на Инстаграм сподели дел од луксузот во кој уживаа. Сепак, нивниот одмор нагло беше прекинат. Хотелот во кој престојуваа се запали и започна итна евакуација на гостите.

– Немам зборови! Нема да верувате што се случува во нашиот хотел. Се влошува, дојдоа да нѐ евакуираат. Јас сум тука со децата – објави Јелена Карлеуша и го сними хоророт што се случува во моментов.

Видеото погледнете го ТУКА и ТУКА.