дома Македонија (видео) ЈУГОНОСТАЛГИЧАРОТ ЗАЕВ: Животот бил во Југославија, имало едно општество за сите

(видео) ЈУГОНОСТАЛГИЧАРОТ ЗАЕВ: Животот бил во Југославија, имало едно општество за сите

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за регионалната телевизија Н1, запрашан дали е југоносталгучар, рече дека во тој период живеел добро, сите биле еднакви и сите се почитувале.

„Кога некој патуваше за Сараево или Белград, можеше да спие каде што сака. Никој не те допира – само братство и единство. Ние на територијата на поранешна Југославија сме братски нации. Го почитувам тоа. Ја сакав Југославија и сонувам да бидеме повторно заедно. Ќе соединиме во Европската Унија“, рече Заев за Н1.

Тој додаде дека регионот на Западен Балкан треба да соработува.

„Нашиот идеал не треба да биде да ги затвораме границите, туку да ги отвораме. Нашиот регион не треба да ги прекројува границите. Ние мора да соработуваме и, поради тоа, Западна Европа ќе нè почитува повеќе“, рече Заев.