дома Македонија (ВИДЕО) ЌЕРКА НА МАЛЕШЕВСКИ KOMИТА МУ ПОРАЧА НА МИЦКОСКИ: Чувај ја Македонија,...

(ВИДЕО) ЌЕРКА НА МАЛЕШЕВСКИ KOMИТА МУ ПОРАЧА НА МИЦКОСКИ: Чувај ја Македонија, таа ни е се!

Со помош на количка на свои 93 години дојде на митингот на Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ во Берово, Елена Гаштеоска.

Таа изрази поддршка за Мицкоски кој веднаш откако дојде се ракуваше со жената потомок на мелешевскиот koмита Димитруш Прокуроре. Таа во својата рака ја дежеше сликата на својот татко облечен во koмитска облека.

Иако во поодминати години со бистар речник испрати пораки и поддршка до Мицкоски со зборовите.

-Чувај ја Македонија, таа ни е се.

Мицкоски во знак на почит застана до нејзе откако предходно се ракуваше. Таа предходно стана позната на социјалните мрежи по пораките да не се менува името Македонија.