March 29, 2024, 12:07 am

(Видео) Ќе барам решенија за пpoблeмитe на граѓаните, ќе се трудам тие да се исполнат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Носителот на листата во изборната единица 6 од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, Дафина Стојаноска од соборниот храм „Свети Кирил Методиј“ во Тетово ја почна изборната кампања. Таа им порача на политичките противници дека фер кампањата ќе зависи од самите носители на листите.

– Јас во оваа кампања нема да навредувам, омаловажувам и понижувам. Доколку некој се обиде тоа да го направи кон мене, нема да одговарам. Ние треба да бидеме пример за сите други. Како цел мој живот ќе ја зборувам вистината и ќе се обидам да излезе на виделина, изјави Стојаноска.

Таа се обрати и кон граѓаните од кои рече дека не бара само глас, туку сака и да го чуе нивниот глас.

– Сакам да ги споделам маките и проблемите и да се потрудам за наоѓање на решенија за нив. Се обврзувам дека решенијата дека ќе бидат исполнети. Ќе бидам човек кој сака да го одржи својот збор, истакна Дафина Стојаноска.

Таа порача дека во следните 19 дена од кампањата ќе ги почитува здравствените протоколи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This