дома Македонија (Видео) ЌЕ ВЕ НАСМЕЕ ДО СОЛЗИ: Место крстот, го фати босилокот –...

(Видео) ЌЕ ВЕ НАСМЕЕ ДО СОЛЗИ: Место крстот, го фати босилокот – ама не знаеше, реакцијата е број 1

Оваа година за Водици имаше навистина многу необични ситуации. Но, онаа која е најнеобична веројатно ни доаѓа од селото Владевци.

Селото кое се наоѓа на патот Струмица – Радовиш, односно помеѓу Општина Радовиш и Општина Василево, го има хитот број еден за Водици оваа година.

Млади момчиња се фрлија по крстот во ова село, а најпрво едно од момчињата го фати босилокот, но во водата не беше сигурен што е, па гордо го крена, верувајќи дека станува збор за крстот.

Но, набрзо потоа сфаќа дека се радува на босилокот, по што заедно со останатите момчиња излегоа од водата.

https://www.youtube.com/watch?v=OQK7U1IECrc&feature=youtu.be