дома Актуелно (Видео) Ќе ве полазат морници: Цел стадион со ckaндирање и аплауз го...

(Видео) Ќе ве полазат морници: Цел стадион со ckaндирање и аплауз го испрати Горан Пандев

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација ја заврши репрезентативната кариера откако после 65 минути игра беше изваден од игра при негатива на Македонија со 0-3, па цела Амстердам Арена со стоечки овации и аплауз го испратија македонскиот ас во пензија.

За Пандев ова беше последен меч за Македонија, па холандската публика со аплауз го испрати во пензија, а македонските навивачи со скандирање на неговото име му се заблагодарија за сѐ што направи за македонскиот фудбал и националниот тим, посебно за ова деби и историски настап на Европското првенство.