дома Политика (Видео) Ќе oбeзбeдимe плус 50 проценти на плата на сите здравствени работници...

(Видео) Ќе oбeзбeдимe плус 50 проценти на плата на сите здравствени работници како награда за трудот и пoжpтвувaноcтa во cпрaвувaње со кoрoнaвиpycот

Денеска сме во посета на Штип, на последниот ден од кампањата, што туку завршивме со трибината со здравствени работници, односно со медицинскиот персонал, ни се придружија и огромна благодарност со проф. д-р Сашко Кедев и доцент доктор Игор Николов, истакна носителот на листа во ИЕ 3 од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Разговаравме овде со медицинскиот персонал кои се пред се проблемите со кои се соочуваат последните неколку години, но и секако да им ја претставиме докторите и медицинскиот персона што е она што новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ планира да го направи во здравството и целиот здравствен систем, која ќе биде визијата, како ќе се движи развојот и да кажам трансформацијата во здравството.

Она што можам да го видам е идентично, како буквално секаде низ државата како буквално секој еден граѓанин што се соочува кога имаме прилика да разговараме впрочем лекарите ја даваат поддршката со она што следи со обновата за здравството.

Она што имам да го порачам на штипјани, она што имам да го порачам на сите граѓани од Република Македонија, луѓе кренете ги главите исправете ја кичмата, буквално ставете ги насмевките на вашите лица бидејќи доаѓаат најдобрите 4 години во историјата на државата.