дома Македонија (Видео) 12 ГОДИШНА ЌЕРКА СЕ ГPИЖИ ЗА СВОЈАТА БОЛHA МАЈКА: Себајете бара...

(Видео) 12 ГОДИШНА ЌЕРКА СЕ ГPИЖИ ЗА СВОЈАТА БОЛHA МАЈКА: Себајете бара пomош за да не ги остави децата сиpaци

12-годишната Фљутура Бислими од Тетово, секој ден откако ќе се врати од училиште ѝ ја подготвува терапијата на нејзината мајка која веќе пет години боледува од тумор на мал мозок. Нема време да си игра со другарчињата, бидејќи целото време го поминува грижејќи се за мајка ѝ. Малата Фљутура понекогаш дури готви и ја чисти куќата, пренесува ТВ21.

Терапијата на нејзината мајка, Себајете чини 3 илјади евра, но не можат да ја купат.

Домаќинот Фесар Бислими не беше дома. Тој нема постојана работа, туку работи што ќе најде. Во последно време за да заработи некој денар сече дрва. 17-годишниот брат на Фљутура заминал на изучување занает. Семејството Бислими од Тетово бара од хуманите луѓе кој колку може да им помогне, барем да можат да ја обезбедат неопходната терапија за Себајете.