(Видео) 17 зaгинaти и 40 повредени во прославата со пykaње на Талибанците за победата над последната пpoвинција која не беше под нивна koнтрола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 17 лица загинаа, а 41 се повредени во Кабул по пукање во воздухот што го отворија талибанските милитанти, изјави извор во итна болница за Спутник.
Претходно беше објавено дека четири лица загинаа, а седум се повредени. Портпаролот на Талибанците и очевидци изјавија дека милитантите користеле рафали за да го прослават заземањето на единствената провинција која не била под контрола на движењето – Паншир. Жителите на Кабул добија уверување дека пукале во воздух и дека пукањето е поврзано со прославата. Претставниците на раководството на движењето ги повикаа поддржувачите да престанат да пукаат.

Поради стравувањата на жителите, движењето најави дека милитантите кои ќе пукаат во воздух во градовите ќе бидат лишени од оружјето, а сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Во почетокот на август, Талибанците ја зголемија офанзивата против владините сили во Авганистан. На 15 август Талибанците влегоа во главниот град и ја презедоа контролата врз претседателската палата, а на 16 август објавија дека војната во Авганистан е завршена и дека државниот систем ќе биде утврден во блиска иднина. Единствената провинција што не е под нивна контрола е Паншир североисточно од Кабул.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This