April 18, 2024, 11:09 pm

(Видео) 20 гoдини oд нaпaдoт нa Кyлитe Близнaчки вo Њyjopк – ce oглacи и Бајден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред 20 години на денешен ден исламски терористи во САД киднапираа четири патнички авиони и изведоа најголеми терористички напади во историјата.

Двете кули на Светскиот трговски центар во Њујорк потполно беа урнати кога во нив удрија два авиони.

Третиот авион со едното крило допре до зградата на Пентагон во Вашингтон, а четвртиот, после борбата меѓу патниците и киднаперите, се урна во Пенсилванија. Во нападите загинаа најмалку 2.977 лица. САД за нападите ја обвинија терористичката мрежа на Ал Каеда на саудискиот исламски терорист Осама бин Ладен.

Американскиот претседател Џо Бајден повика на национално единство пред 20 – годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година во САД.

Во видео запис во Белата куќа, објавен и на Твитер, Бајден им оддаде почит на загинатите во нападите и илјадниците повредени, како и пожарникарите, медицинските сестри и многу други кои загинаа или ризикуваа за време на спасувачките мисии и долгиот пат до закрепнување.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Тој исто така спомена дека „мрачните сили на човечката природа – стравот и гневот, огорченоста и насилството против муслиманските Американци, вистински и верни следбеници на мирољубивата религија“ го нарушија, но не го скршија американското единство.

„Според мене, ова е централната лекција за 11 септември, дека кога сме најранливи, во потиснување на се она што не прави луѓе и во битката за душата на Америка, единството е нашата најголема сила“, рече Бајден, додавајќи дека „единството не значи дека мора да веруваме во иста работа“.

„Мора да имаме фундаментална почит и верба еден во друг, и во оваа нација”, истакна Бајден.

Белата куќа го објави видеото во пресрет на 20 – годишнината од 11 септември, како и најава дека Бајден ќе ги посети сите три места кои беа нападнати на тој датум во 2001 година.

Американскиот претседател и неговата сопруга Џил Бајден денеска ќе го посетат Њујорк, каде што два авиона го уништија Светскиот трговски центар и загинаа 2.753 луѓе, потоа Пентагон во Арлингтон, Вирџинија, каде што се урна третиот авион, и Шенксвил во Пенсилванија, каде се урна четвртиот авион за кој се верува дека се упатил кон Капитол или Белата куќа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This