(Видео) 3Д говедско месо од следната година во европските рестрани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелската стартап компанија „Redefine Meat“ вчера го прошири своето делување во Европа, а оттаму се надеваат дека до крајот на следната година ќе стигнат до многу ресторани и за првпат ќе ги послужат своите парчиња „алтернативно месо“.

Испечатената 3Д замена за говедско месо е претставена во Израел, како и во Германија, Холандија и Велика Британија. Мешавината од протеини од соја и грашок, наут, цвекло, нутритивен квасец и кокосови масти го имитира вкусот на бифтекот познат како „bavette“.

Компанијата која досега работела со околу 150 ресторани во Израел вели дека целите парчиња ќе ја прошират привлечноста на алтернативните месни производи кои генерално беа ограничени на јадења од мелено говедско месо, вклучувајќи хамбургери и колбаси.

Нивните поголеми парчиња алтернативно месо се посложени за производство и сè уште се развиваат.

„Го зголемуваме капацитетот. Секоја серија која ја произведуваме е 5 пати поголема од претходната серија. Ги менуваме машините, протокот и атрибутите на производот“, вели извршниот директор Ешчар Бен-Шитрит.

Компанијата планира да изгради 5 фабрики во Израел, Европа, САД и Азија во наредните неколку години.

Со напредокот на технологијата и подобрувањето на вкусот и разновидноста на алтернативното месо, продажбата во овој сектор би можела да достигне 140 милијарди долари до 2029 година, што е околу 10 отсто од светскиот пазар на месо, проценува „Barclays“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This