дома Македонија (Видео) 30 ПРАШАЊА И ЗА ШЕКЕРИНСКА: Ако не бев политичар, ќе бев...

(Видео) 30 ПРАШАЊА И ЗА ШЕКЕРИНСКА: Ако не бев политичар, ќе бев учителка

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е царица за асоцијации, признава таа во новото издание на „30 прашања со” што го објави денеска нејзината матична партија СДСМ.

Убаво е чувството да се биде министерка во Министерството за одбрана, после толку министри една министерка ги внесува во НАТО, секој ден мора да се носат одлуки, тоа што ќе го сработиш никој не може да ти го одземе, се дел од одговорите на министерката Шекеринска.

Таа вели дека ако не била политичар, ќе била учителка.

Претходно дел од „30 прашања со” беа вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и техничкиот премиер Оливер Спасовски.