(Видео) 3acтpaшyвaчкo oткpитиe: Bлиjaниeтo нa Koвид-19 вpз moзoкoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една нова студија укажа на откритие кое има многу сериозни импликации: коронавирусот не мора да продира директно во мозочното ткиво за да го оштети.

Научниците проучувале мозоци на 19 пациенти кои починале од ефектите на коронавирусот. Тие посветиле посебно внимание на ткивото на региони за кои се верува дека се многу подложни на пенетрација на вируси.
Тоа е регионот bulbus olfactorius што го контролира чувството за мирис и мозочното стебло што ги контролира дишењето и работата на срцето.

Кај 14 пациенти, едната или двете регии имале крвни садови кои биле оштетени или затнати, а некои пропуштале. Областите на пропуштање биле опкружени со ткиво кое било променето од воспаление – што е резултат на активирање на имунолошкиот систем на телото, утврдиле научниците.

Сепак, тие не нашле докази за присуство на самиот вирус, како што истакнаа во студијата објавена во New England Journal of Medicine.

„Бевме прилично изненадени“, изјавил коавторот на истражувањето, д-р Авиндра Нат од Националниот институт за невролошки болести и мозочен удар.
Неговиот тим забележал штета што обично била поврзувана со мозочни удари и воспалителни болести на нервниот систем, нагласил тој.

„Нашите досегашни резултати сугерираат дека штетата можеби не е предизвикана од директно продирање на вирусот САРС-CoV-2 во мозокот. Во иднина, планираме да проучиме како ковид 19 ги ​​оштетува крвните садови во мозокот и дали произведува некои краткорочни и долгорочни симптоми што ги гледаме кај пациентите“, објавил д-р Нат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This