дома Актуелно (Видео) 3aeв: Се надевам дека оваа трагедија уште повеќе ќе ги сплоти...

(Видео) 3aeв: Се надевам дека оваа трагедија уште повеќе ќе ги сплоти Бугарија и Македонија

Заедно сме и во добро и во лошо, први соседи сме, делиме радости и таги. Се надевам дека оваа трагедија позитивно ќе се одрази на односите и ќе не обедини уште повеќе“, изјави премиерот на Македонија Зоран Заев на заеднички изјава со колегата Стефан Јанев по автобуската несреќа од Скопје на автопатот Струма.

Координацијата и интеракцијата меѓу македонските и бугарските власти по
катастрофата е на многу високо ниво, рече Заев.

10 минути по несреќата бев информиран од премиерот Јанев. Благодарение на навремената информација, со мене дојдоа и роднини на преживеаните од катастрофата.