дома Актуелно (Видео) 3aeв cooчeн oд Инфoмaкc co пoпишyвaчитe по ceндвичари: Moжe и Швajцapци...

(Видео) 3aeв cooчeн oд Инфoмaкc co пoпишyвaчитe по ceндвичари: Moжe и Швajцapци да се попишувaaт, ако нe ce нaши дpжавjaни ќе бидaт избpишaни

Дали попишувањето на граѓани по сендвичари во Белгија e спроведување на релевантен попис во дијаспората запраша уредникот на Инфомакс по денешната лидерска средба помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски во клубот на пратеници, средба на која што беше договорено одлужување на пописот на барање на опозицијата за септември годинава.

На социјалните мрежи врие од објави во кои се обвинува за низа нерегуларности при попишувањето на дијаспората, а онаа која можеби најмногу шокираше е спроведувањето на попис во седнвичара во Белгија.

Советот за попишување на албанската дијаспора на РСМ во Белгија се приклучи на повиците за мобилизација на дијаспората и веќе ги отвори своите канцеларии каде што граѓаните кои сакаат да го остварат правото на попис можат да одат од понеделник до петок во канцеларијата со адреса; „Chausse de Helmet 278 Schaerbeek“ од 16.00 до 17.00 часот.

Додека секоја сабота и недела на адреса; „General Eenens 43“ во Шербек, од 14,00 до 18,00 часот, исто така, граѓаните на РСМ кои живеат во Белгија можат да побараат помош при попишување. Од овој Совет, за Клан Македонија велат дека до денес во 11.00 часот се попишани 3.246 граѓани, кои според нив, од 50 до 60% од оваа бројка се регистрирани со помош на овој Совет. Се известува дека во Белгија, според некои податоци, живеат над 6.000 Албанци државјани на Македонија.

Заев тврди дека видеото не го видел, но потенцира дека имаме и ние наши бази на податоци со кои би се потврдила валидноста на дадените податоци.

-Не го видов тоа видео, но јас само ќе ви кажам што ако вака некој се собира, се групира, се попишува. На крајот во базата на податоците ние имаме валидност на идентификацијата на нашиот сограѓанин кој што живее надвор од државата и притоа ако има било што што е невалидно ондносно што е неточно или предизвикува проблем согласно законот и согласно Еуростат автоматски тоа се брише. Таму може да се соберат, еве ако во Швајцарија или каде и Швајцарци заедно да се попишат, тоа не значи дека може да помине секој затоа што го имаме ние регистарот на населението, ги имаме државјанствата во државата, имаме кои се наши резиденти, кои се нерезидентни, односно граѓани кои што живеат подолго од една година надвор од државата и асполутно не може да се направи никаков фалсификат или невистините податоци во оваа статистичка операција, вели Заев.

Од страна на Митовски 3aeв беше запрашан дали гарантира дека ако има невалидни податоци тие ќе бидат исклучени од официјалните и пописот ќе биде валиден.

-Тоа што јас можам да го кажам заради тоа што го знам Законот ги знам правилата на Еуростат е тоа што впрочем и статистика го соопштува. Ние го имаме изводот на државјанин на државата и ги знаеме, ако било кој што не е државјанин се попише тоа автоматски се анулира и се бришем изјави 3aeв.