(Видео) 9 лица починaa на лице место од удap од гpoм: Необјавени снимки од неразјаснетата мистериозна трагедија која ја снајде Македонија на Голема Богородица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешен ден во 1996 година на прослава на православниот христијански празник Успение на Света Богородица, во манастирската црква „Св. Богородица“, кај Берово, од громовите што удриле во масата од 10 до 15 илјади луѓе, загинале девет лица, а 40-ина биле повредени.

Повеќе од две децении се уште останува неразјаснет случајот од трагедијата кога по силното невреме со грмотевици гром удри во дворот на манастирот.

Пред четири години штипската ТВ Стар објави сведочење на пензионираната новнарка Љубинка Клинчарска, која прва ја објавила веста за трагичната прослава на празникот.

– Некои од моите соговорници ги обвинија поповите, бидејќи курбанот беше преместен наместо во среда кога е посно тие го направија во четврток. Па, се толкуваше како божја казна. Но, едно што не ми се допаѓа е дека сите заборавија на жртвите им ветуваа но за нив ништо не се направи, изјавила тогаш Клинчарска.

Покрај манастирот за Успение на пресвета Богородица и наредните години до ден-денес се собираат илјадници верници, каде во стотина казани се подготвува ручек за прославата за гостите, но на денот на празникот, со што Малешевијата ја продолжува вековната традиција на црковно-народниот собир.

Во видеото (под текстот), објавено од ТВ Стар во 2016 година, е сведечењето Клинчарска за настанот.

Божја казна, или…

Божја казна, предупредување од светците, волја на природата или обичен несреќен случај? Никој од местото Туртела до Добри Лаки не се осмелува да биде сосема сигурен само во едно од можните сценаријата за стравотниот и непредвидлив удар на гром, кој во машкиот манастир „Успение на пресвета Богородица“, во Берово, среде празнична трпеза однесе девет животи и повреди педесетина присутни на прославата…

Питомата и кротка Малешевија и по години, на денот на Успението на пресвета Богородица сè уште мириса на мистерија. Ниту непобедливата фаланга, составена од благородни бука, бел бор и цврст даб, не успеа за повеќе од две и пол децении да го разреши необјаснивиот четврток, 29 август 1996 година, и громот од ведро небо, кој уби деветмина и повреди педесетина верници на традиционалниот народен собир во Берово.

Насобраниот немир на овој ден сè уште раѓа чудни и неописливи вибрации дури до длабочините на шумата со која некогаш царувал Дедо Иљо Малешевски, велат дел од локалните жители. Тој четврток не беше среќен ден за немирниот и живописен малешевски крај, продолжуваат да раскажуваат беровци со понизна молба да не ги именуваме зашто не сакаат да си забелажат со некого.

– Со свои очи гледавме кошмар среде бел ден и чисто и мирно небо. Растрчани луѓе на сите страни. Лелек. Солзи. Морничав призор. Некои им помагаа на повредените, некои само немо стоеа настрана. Немоќни да променат нешто по трагедијата што го снајде Берово. Бевме збунети и не знаевме што чудо нè снајде – видно вознемирени велат тие.

Божја казна, предупредување од светците, волја на природата или обичен несреќен случај? Никој од местото Туртела до Добри Лаки не се осмелува да биде сосема сигурен само во едно од можните сценаријата за стравотниот и непредвидлив удар на гром, кој во машкиот манастир „Успение на пресвета Богородица“, во Берово, немилосрдно удри среде празнична трпеза.

– Кои сте вие? Зошто сакате да знаете што се случи на Голема Богодица пред 25 години? Што било, било. Поминало. Така требало да биде. Божја волја. Беше решено да го поместиме празникот за еден ден за софрата да биде мрсна. Многумина веруваат дека со тоа ја предизвикавме Божјата лутина, по што следуваше казна. Други мислат дека е случајност. Трети дека празникот зел курбан. Не знам што да мислам и во што да верувам. Трагично е што наши сограѓани ги загубија своите најмили на ден кога семејствата се обединуваат и треба да се веселат, а не да тагуваат. Близу сте до манастирот деца – ни го покажа правецот кон преубавиот христијански храм еден средовечен беровец, кој вели дека бил сведок на тажниот настан на Голема Богородица, и ни порача да се чуваме.

А, неколку метри понатаму, во манастирскиот атар владеат необична тишина и спокој. Питомото пространство од недогледно зеленило ниту одблизу не покажува знаци на каков било немил настан што се случил на светата земја. На оваа ледина секоја година во стотина големи казани се подготвува јадење од храната што верниците ја носат во црквата за здравје. Манџи од домати, кромид, пиперки, засладени со овчо и со јагнешко месо традиционално им се делат на насобраните верници.

– Тешко се заборава тој немил настан. Вистина е дека поради практиката за служење мрсна храна празникот го поместивме за еден ден. Можеби тука згрешивме, но тоа и порано сме го правеле и немало никакви проблеми. По громот што се појави од никаде, од ведро небо, без никакво предупредување удри во бакарните казани на ледината и го зави Берово во црно, не знаеме повеќе во што да веруваме.

Луѓето раскажуваа дека трагедијата се случила поради, во тоа време, зачестената практика чинот на празнување на Голема Богородица да се нарекува курбан. Поради тоа што тој збор бил израз на една друга, нехристијанска вера. Други, пак, објаснуваат дека бакарот ја привлекол молњата со некакво атмосферско празнење. Којзнае. Сè е можно – зачудено велат беровци

„На дел од поврдените секоја година на 28 август на градите им се појавува црвенило во форма на орев“?!

– Дефинитивно, беше Божје дело. Малкумина знаат дека дента кога беше трагедијата група луѓе седеа под оревот што го погоди гром. На истите тие луѓе со години на 28 август на градите им се појавува црвенило во форма на оревчиња и гранки од орев – ни раскажа еден жител од околните беровски села, кој побара „нераскажаниот дел од приказната“ да го објавиме без неговото име.

Дарко Гајдов од Скопје имал само 13 години кога со своите роднини присуствувал на народниот собир во беровскиот православен храм. Вели, глетката била стравотна.

– Сè се случи во пет минути. Небото се затемни, удри гром, истури дожд и се појави сонце. Не беа три грома како што се кажуваше туку два. Едниот удри во оградата на црквата и продолжи во оревот, кој пламна за секунда. Другиот ги погоди котлите во кои беше јадењето. Беше ужасно. Луѓе трчаа наоколу и им помагаа на повредените. Тие што беа опожарени ги фрлаа во Брегалница, која тече веднаш до манастирот. И многумина спасија. Оттогаш, никогаш веќе не сум бил на народниот собир во Берово – вели тој.

Тоа што, за жал, ја одбележа далечната 1996 година во Малешевијата, веројатно никој и никогаш нема да може да го објасни. Ниту тоа што и порано празнувањето се поместувало во мрсен ден, без последици. Ниту дали зборот курбан бил клуч за Божјата лутина или, пак, празникот зел курбан. Ниту природниот феномен гром од ведро небо и дали бил предизвикан од материјалот од кој биле направени казаните за приготвување храна.

Видеото од снимките од 1996 погледнете го тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This