дома Хроника (Видео) AВТОБУС ПАДНАЛ ВО БЕЗДНА: Најмалку 14 лица загинати, а 19 се...

(Видео) AВТОБУС ПАДНАЛ ВО БЕЗДНА: Најмалку 14 лица загинати, а 19 се повредени

Најмалку 14 лица загинаа, а 19 се повредени во автобуска несреќа во близина на боливискиот главен град Ла Паз, соопштија властите.

 

 

 

 

Несреќата се случила кога возачот на автобусот лошто свртел на свиок по што автобусот слетал во бездна, објави АП.

Автобусот сообраќал од главниот град кон градот Корипат на северот на земјата.

Денешната е трета голема сообраќајна несреќа оваа недела во Боливија, при што загинаа вкупно 17 лица во претходните две.