дома Македонија (Видео) Aдминиcтpaтивцитe ce вpaќaaт нa paбoтa, ќe им ce дoзвoли дa зeмaт...

(Видео) Aдминиcтpaтивцитe ce вpaќaaт нa paбoтa, ќe им ce дoзвoли дa зeмaт гoдинишни oдмopи

Во февруари некои од државните административци се вратија на работа по пауза поради пандемијата. Сега се очекува сите административци да се вратат на работа со полно работно време. Во врска со ова го прашавме заменик министерот за здравство, Илир Хасани. Тој рече дека постепено ќе се вратат сите, но ќе се дозволи да се користат и годишните одмори со цел враќањето да се одвива побавно.

„Мислам дека е време, полека да се вратат сите административци на работа. Идејата е поради пандемијата да се користат годишните одмори. МЗ дозволи да се користат годишните одмори од страна на вработените особено во Здравството, така што враќањето треба да се одвива бавно, да не биде нагло. Мерките ќе бидат апсолутно контролирани од МЗ“, посочи Илир Хасани.

Го прашавме и министерот за здравство кои ќе бидат протоколите кои ќе треба да ги знаат административците пред да се вратат на работа.
„Мерките за заштита од Ковид 19 во затворен простор не се укинати, и ќе останат на сила“, посочија од Министерство за здравство.

Инаку од 1-ви јуни ќе се тргнат маските на отворено, но полицискиот час останува на сила. Граѓаните ќе можат да пијат кафе во пошироко друштво на маса, Спортските натпревари на отворено ќе можат да се играат пред публика, со 30% од капацитетите на терените каде ќе се одвиваат истите.