дома Актуелно (Видео) Aко има нови дokaзи – повторно cyдење: Пендаровски се воздржува од...

(Видео) Aко има нови дokaзи – повторно cyдење: Пендаровски се воздржува од лични квалфикации за 27 април

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски и претседателот на државата се согласни доколку има нови докази, има законска основа да се побара повторно судење за осудените за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.

Претседателот Стево Пендаровски и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски го стопија ледот на едночасовна средба во Вилата Водно, на која разговараа за актуелната политичка и економска ситуација во земјата, но и околу барањата за повторно судење за настаните од 27 април 2017 година.

На прашање на Инфомакс, претседателот Стево Пендаровски се воздржа од лични квалфикации за настаните на тој ден и се повика на правната квалфикација дадена во пресудата, но сепак истакна дека осудените и право да ги искористат сите правни лекови вклучувајќи и повторување на судењето доколку има нови докази.

Господине Пендаровски на интервјуто на кое што гостувавте рековте дека тие не биле терористи, кажавте дека тие луѓе не се терористи, сега ми се чини малку рететрирате сега се, но не биле, се задржувате на правната квалификација, запраша Митовски

-Еве ја правната формулација, не е моја на судот е. Тоа се лица кои не се судени за кривично дело тероризам. Тоа се луѓе кои се здружиле за насилно рушење на уставниот поредок. Не можам ни да додадам, ни да одземам. Просто тоа е формулацијата која судот ја определува. Велам не се судени за кривично дело тероризам, судени се по сосема друг член. Во двете дела има елементи кои се слични. Двете дела се многу сериозни ако се докажат. Формално правно следејќи го само вордингот на судската пресуда, тие луѓе не се судени за кривично дело тероризам, вели Пендаровски.