(Видео) Aко не побeдимe во Скопје се повлeкyвам: Заев по втор пат ја соопшти клучната одлука

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако не победиме во Скопје ќе се повлечам од премиерската функција и од лидер на СДСМ, порача Заев при неговото гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Премиерот Зоран Заев ја повтори истата одлука која пред два дена ја искажа на прес-конференција, а се однесуваше на тоа дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите за градоначалник во Скопје, како и ако опозицијата освои повеќе општини во однос на СДСМ, тогаш тој ќе си поднесе оставка на функцијата.

– Ако не победиме во Скопје ќе се повлечам од премиерската функција и од лидер на СДСМ – порача Заев при неговото гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој порача дека ќе биде новозможно да се оди напред, доколку на локално ниво политиките ги предводат националисти.

– Со победа на ВМРО-ДПМНЕ, немам дилема што се враќа, нивниот однос, карактерот на луѓето, во политиката се враќа режим, тоа се истите луѓе, без дилеми. Владата предводена од мене не може да влече напред кон ЕУ кога имате политики на локално ниво кои што ќе направат сè да се скараат со Бугарија, со Грција. Јас можам да се борам за едно и еднакво општество, да обединувам дома, но нема напредок ако дојдат националисти во градот Скопје и луѓе скриени позади независна кандидатка – додаде премиерот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This