дома Свет (Видео) „Blасk hаwk dоwn“: Американски хеликоптер пpинудно слета во центарот на Букурешт,...

(Видео) „Blасk hаwk dоwn“: Американски хеликоптер пpинудно слета во центарот на Букурешт, cpyши неколку бандери

Хеликоптер на американската армија принудно слета на улицата во Букурешт, и собори неколку бандери и го блокираше сообраќајот.

Заради инцидентот со „црниот јастреб“, романските воздушни сили ги откажаа денешните планирани проби поврзани со Денот на авијацијата, 20 јули.

Хеликоптерот, кој исто така беше планиран да учествува на церемонијата, одеднаш почна да ја губи висината, а пилотот беше принуден да слета на една од главните улици во Букурешт во близина на плоштадот Шарл де Гол.

За време на слетувањето, хеликоптерот директно оштетил едно комбе и срушил неколку столбови за улично осветлување, а еден од нив паднал во паркиран автомобил.