(Видео) Boeн удap во Судан: Рacпуштена владата и прогласена вонрeдна состојба, се апcaт високи владини функционери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Абдел Фатах ал Бурхан, шеф на владејачкиот воен и цивилен совет на Судан, прогласи вонредна состојба и ја распушти владата поради воениот удар и по апсењето на премиерот.
По апсењето на суданскиот премиер Абдала Хамдока и други официјални лица, Бурхан рече дека армијата ќе ја следи транзицијата кон демократија и ќе ја предаде власта на демократски избрана влада, пренесе РТ.
Бурхан најави дека изборите во Судан ќе се одржат во јули 2023 година, а дотогаш на чело на земјата ќе дојде нова техничка влада.

Суданскиот генерал Бурхан изврши државен удар, соопшти суданското Министерство за информации како одговор на прогласувањето вонредна состојба и распуштањето на владата.

Министерството за информации е едно од ретките владини тела кои се уште ја коментираат ситуацијата во Судан, објави Ројтерс.
Најмалку 12 лица се повредени во судирите што избувнаа денеска меѓу суданските војници и граѓаните кои протестираа против пучот, кои се обидоа да се приближат до зградата на Генералштабот во Картум, соопшти медицинскиот комитет на својата Фејсбук страница, без да даде повеќе детали.
Суданскиот премиер Абдала Хамдок е префрлен на непозната локација откако одбил да даде изјава за поддршка на воениот удар во таа земја, соопшти претходно суданското Министерство за информации.
Покрај премиерот, уапсени се и други функционери и политички лидери.
Силно вооружени трупи и паравоени сили денеска се распоредени низ Картум, ограничувајќи го движењето на цивилите. Армијата окупираше радио и телевизиска станица во главниот град.
Судан е на работ на граѓанска војна по неуспешниот пуч минатиот месец, кој повторно покрена обвинувања меѓу војската и цивилните групи кои требаше да ја поделат власта по соборувањето на поранешниот лидер Омар ал-Башир во 2019 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This