дома Свет (Видео) Cтpaшна експлозија во метро во Лондон

(Видео) Cтpaшна експлозија во метро во Лондон

Огромен пожар избувна во Лондон, а снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека густ црн облак од чад се крева во воздухот над метро-станицата и близу неколку облакодери, пренесуваат британските медиуми. Очевидци тврдат дека се слушнале и експлозии.

Според „Сан“, се чини дека пожарот избувнал во станицата „Elephant and castle“.

На терен има десет возила со 70 пожарникари, додава Мирор.

Граѓаните се предупрени да ја избегнуваат областа на таа метро станица, напиша противпожарната служба на Твитер.

Според Сан, засега не се познати причините за пожарот.