дома Свет (Видео) Cтpaшни пoплaви вo Кина – житeлитe нe cмeaт дa ги нaпyштаaт...

(Видео) Cтpaшни пoплaви вo Кина – житeлитe нe cмeaт дa ги нaпyштаaт дoмoвите, вo тeк e гoлeмa eвaкyaциja

Кинеските служби за итни случаи евакуираа 4.430 лица во североисточната провинција Лиаонинг поради опасност од поплави, објави денеска кинеската државна телевизија.

Според извештајот, обилните дождови предизвикаа нивото на водата во 13 помали резервоари да го надмине критичното ниво, пренесува руската агенција ТАС С.

Обилните дождови предизвикаа одрони на планините, а најмалку еден автопат беше блокиран.

Властите ги повикуваат локалните жители да не ги посетуваат планинските области доколку не им е потребно.

Најсилните дождови беа регистрирани во префектурата Бенси, каде што за еден ден наврнаа околу 258 мм дожд, што е речиси 2,5 пати повеќе од вообичаеното за оваа сезона.