дома Свет (Видео) Cтpaшнo: Дoдeкa пpeтceдaтeлoт нa Aвгaниcтaн ce мoли, paкeти пaѓaaт близy нeгoвaтa...

(Видео) Cтpaшнo: Дoдeкa пpeтceдaтeлoт нa Aвгaниcтaн ce мoли, paкeти пaѓaaт близy нeгoвaтa пaлaтa

Ракетите не ја прекинаа молитвата на државниот врв по повод почетокот на Курбан Бајрам.

Телевизиските камери снимија три експлозии во живо што ја потресоа авганистанската престолнина Кабул за време на молитвата по повод почетокот на муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

Објава на Твитер може да погледнете ТУКА.

Најмалку три ракетни напади го потресоа авганистанскиот главен град Кабул.

Ракетите паднаа во близина на претседателската палата, каде се одржа молитва за да се одбележи почетокот на муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

И покрај силните експлозии, претседателот Ашраф Гани и клучните функционери продолжија мирно да се молат.

Немирите се случија неколку дена откако странските трупи се повлекоа од земјата по 20 години. Талибанците ја негираа одговорноста.