дома Свет (Видео) Caмo вo САД: Кoлoнa пoлициcки aвтoмoбили бpкaa дeтe кoe yкpaлo yчилишeн...

(Видео) Caмo вo САД: Кoлoнa пoлициcки aвтoмoбили бpкaa дeтe кoe yкpaлo yчилишeн aвтoбyc и пpeдизвикa тpи cyдиpи

Полицијата во Батон Руж во Луизијана (САД) имаше полни раце работа кога 11-годишно момче киднапирало училишен автобус и возело со голема брзина околу 45 минути.

Момчето вперило среден прст кон полицајците кои се обидувале да го запрат и предизвикал три сообраќајни несреќи. На крајот, тој удрил во дрво, а во потерата, за среќа, никој не бил повреден.

Полицијата добила повик во неделата во 10:45 часот и излегле на местото на настанот со десетина возила. Тие успеале да го уапсат момчето дури по 45 минути кога удрил во дрво, на околу 20 километри од местото каде што го украл возилото.

Еден од сведоците која успеала да ја сними потерата била Џој Гардни:

„Како што се приближуваше автобусот, видов момче зад воланот како се смее. Тој се смееше и кога минуваше покрај мене, не можев да поверувам дека има дете зад воланот“, рече збунет минувач.

Момчето на крајот било уапсено и обвинето за кражба на возила, бегање од полицијата, три сообраќајни несреќи, уништување на имот и загрозување на човечки животи.

Подолу можете да ги погледнете видеата што се појавија на социјалните мрежи.