March 29, 2024, 12:00 am

(Видео) Ceкoja чecт: Oвa e нoвиoт нajмлaд милиjapдep вo cвeтoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Можеби не ви е познато името Остин Расел, но сигурно ќе го запомните. Со само 25 години ова момче од Калифорнија стана најмладиот нов милијардер во светот благодарение на својата компанија Luminar Technologies, ​​стартап фокусиран на создавање технологија за автономни возила.

Основачот и извршен директор на Luminar е еден од ретките кои успеале да стекнат богатство во светот на автомобилите на сопствен погон. Тој е и најмладиот самоук милијардер во светот.

„Беше неверојатно интензивно, исцрпувачки… Се низ што моравме да поминеме секој ден. Уште сум релативно млад, но во ова инвестирав многу пот и многу солзи. Се разбира, наградата е голема затоа што имаме прилика да излеземе на берза“ вели Расел.

Акциите на Luminar пораснаа за приближно 28% минатата недела на речиси 23 долари, после иницијалната јавна понуда, со што вредноста на компанијата достигна околу 7,8 милијарди долари. Расел поседува 104,7 милиони акции од Luminara, што е една третина од капиталот на компанијата.

Меѓу луѓето кои инвестирале во Luminar е и милијадерот Питер Тил, кој е соосновач на компанијата PayPal, а е познат по тоа што на надарени млади луѓе им нуди стипендии од 100.000 долари да го напуштат факултетот и да продолжат да ги остваруваат своите соништа. На тој начин му помогнал на Расел да ја стартува свoјата компанија и му бил советник откако го напуштил Стенфорд за да ја стартува Luminar во 2012 година.

Расел се појави на листата на Forbеs „30 Under 30“ во 2018 година. Тој работи на усовршување на Lidar, сензорите кои помагаат автономните автомобили да можат да „гледаат“ околу нив со одбивање на ласерските зраци од предметите во нивната околина. Тие се основна технологија за автономните автомобили како Volvo, Dajmler и Intel Mobileye.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This