дома Актуелно (Видео) Ce дозakoпа: 3aев ги пpoгласи Македонците за фашиcтичkи колабopaтори

(Видео) Ce дозakoпа: 3aев ги пpoгласи Македонците за фашиcтичkи колабopaтори

Обидувајќи да се оправда по вчерашното скандалозно интервју за БГНЕС во кое направи целосна ревизија на македонската историја Зоран Заев при денешната изјава наметна уште една проблематична теза со која ги обвини Македонците за колаборација со фашистите.

„Постојат факти коишто можат да ги потврдат сите, а тоа е дека Царска Бугарија 1941 година застанува на страната на Тројниот Пакт на фашизмот. Во тие моменти никој не ги прашал Бугарите на референдум, ниту некој ги прашал каква е нивната определба за да можеме денеска цела Бугарија да ја оквалификуваме како фашистичка. Тоа не е пријателство, тоа не е европски. Зарем заборавивме дека и во нашата Македонија и тогашна Југославија имаше соработници на окупаторите, на фашистите, домашни предавници. Тоа не ги прави ниту денешните Германци, Италијани, Бугари, Јапонци или слично, фашисти. Европа ги реши прашањата на европски начин, треба и Балканот да ги реши прашањата на европски начин , ако сака да продолжи кон Европа. Да не заборавиме, но, да простиме. Да подадеме рака и да гледаме низ призмата на иднината. Затоа што, денеска треба да живееме, а треба да обезбедиме иднина за идните генерации“.

-Момчињата во Ваташа ги уби фашистичкиот окупатор како што имавме фашистички изблици на наши сограѓани, вели Заев.