April 25, 2024, 10:30 am

(Видео) Ckaндалозна снимка ги зовpe социјалните мрежи: Книги од училиште во Прилеп завршија во приколка како бостан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скандалозно видео од училиште во Прилеп вирално се шири по социјалните мрежи.

На видеото се гледа како голем број книги за кои се претпоставува дека се учебници како бостан се товарат во камион.

Ваквото видео ги разгневни граѓаните кои велат дека ова што го прави денес Владата потсетува на она што се случувало во нацистичка Германија.

Ова се случува откако министерката за образование Мила Царовска изјави дека би ја пријавила во МВР секоја книжарница која продава комплет учебници за четврто одделение, одговори таа на новинарско прашање дали имала сознанија дека ова се случува низ земјата.

– Бирото за развој на образованието нема издадено одобрение на никого за печатење примероци. Ако ми посочите каде се наоѓаат, тогаш јас тоа директно би го пријавила во Министетството за внатрешни работи како што направив и во претходни случаи кога имав сознанија дека такво нешто се случило и каде што имаше постапување, изјави Царовска по учеството на конференција за унапредување на финансиската едукација на учениците од средните стручни училишта.

– Секој родител кој се обидува на ученикот да му наметне печатен учебник прави штета, не му прави добро, затоа што користење дигитални улчебници е свесно поставено така за да добиеме и подобра дигитална псименост, но и да им посочиме на учениците дека користењето електронски уреди не се само за играње, туку се и места за учење и примање знаење, истакна Царовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This