дома Спорт (Видео) Cmpтоносен нokayт: 18 годишна бокcepkа пoчинa откако пет дена беше во...

(Видео) Cmpтоносен нokayт: 18 годишна бокcepkа пoчинa откако пет дена беше во koма по нokayтот што го доби

Мексиканската боксерка Џанет Закаријас Запата почина откако беше во критична состојба пет дена по нокаутот што го доби за време на натпреварот во Канада.

Запата беше нокаутирана од Мари-Пјер Хал на мечот одржан во Монтреал, со што и зададе серија удари по ред.
Судијата ја прекина борбата во четвртата рунда откако виде дека Запата не може да одговори на ударите на противникот, како мерка на претпазливост, но подоцна се покажа дека станува збор за сериозна повреда.
Хал тргна да ја прослави победата, но набргу престана кога виде дека нејзината 18-годишна противничка е во сериозни проблеми.

Запата се онесвести и веднаш беше префрлена во болница, каде што лекарите ја опишаа нејзината состојба како критична, но стабилна.
Сепак, Запата не издржа и спортскиот свет го погоди голема трагедија.

По трагичната вест, се огласи и Мари-Пјер Хал, која беше во рингот со 18-годишната Мексиканка.
„Целосно сум уништена, немам зборови да ја опишам болката што ја чувствувам. Изразувам искрено и длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзиниот сопруг“, напиша Мари-Пјер Хал, по трагичната вест.